Виетнамските семејства ги одвикнуваат децата од пелени практично од моментот на раѓање. Секојпат кога ќе препознае дека бебето наскоро ќе мочка, мајката почнува да свирка!

На тој начин се создава врска кај децата помеѓу свиркањето и мочкањето, па тие кон деветтиот месец веќе престануваат да мочкаат во пелени, со тоа што родителите редовно ги потсетуваат дека треба да седнат на нокшир.

До втората година, кога повеќето од децата кај нас почнуваат со одвикнувањето од пелени, виетнамските дечиња веќе целосно ја контролираат оваа физиолошка потреба затоа што во Виетнам раното одвикнување се смета за престиж.

Експерти од Шведска, кои го проучувале тој обичај, истакнуваат дека освен што придонесува за заштеда на буџетот на семејството, на долг рок обезбедува и подобро здравје на уринарниот тракт затоа што децата рано научуваат да го контролираат мочниот меур.



912

X