Бидејќи не постојат универзални правила кои би се применувале во воспитувањето на сите деца, добро е да си смислите сопствени кои ќе функционираат кај вашите. Еве 5 совети кои може да ви се чинат како тотално луди, но сепак се многу добри и применливи. Листата може да биде и подолга, зависно од тоа колку деца имате и што применувате во воспитувањето.

Песна за секој ден

Ова се случи ненадејно, но продолжи како многу функционално и добро решение за секојдневието.
Едноставно си вртам песна во главата, која не ни мора да била пуштена некаде, и таа ми помага полесно да се соочам со секојдневните проблеми. Подоцна почнав наглас да им пеам на децата кога ги будев, пред спиење, кога треба да се избањаат. И навистина успеа. Нашиот живот стана поопуштен зашто со песна сè оди полесно.

Пофалба за работи што детето не ги направило

Можеби звучи апсурдно, но навистина има ефект. Кога и да ги пофалам за работи што не ги направиле, или лошо ги направиле, тие се засрамуваат и ги прават одново. Не секогаш, но многу почесто отколку кога ќе ги замолам да го извршат тоа. Исто е и со возрасните. Замислете работодавецот да ви каже браво за нешто што не сте го направиле? Сигурно дека веднаш ќе се фатите за работа.

Толерирајте ги и кога не соработуваат

Наместо да ги казните, толерирајте ги. Тоа ќе предизвика бунт кај нив и ќе ги поттикне на акција. Децата сакаат да се расправаат, да нè уверуваат и да се инаетат (токму како и ние) и затоа најлошо им е кога ги игнорирате или кога ќе кажете ок. Може и да додадете дека сте имале план да одите во кино или во зоолошка овој викенд, но сега ќе мора да одите сами. Ќе направат сè што треба.

Кога се арогантни, разговарајте со нив

Наместо да се карате и да го повишите тонот, може многу културно да ја преобликувате нивната пцост или навреда во убава реченица. На пр., ако детето влезе во кујната и почне да ви вика барајќи некој производ, вие парафразирајте ја реченицата користејќи зборови како што се благодарам, молам, извини… Верувајте, функционира!

На навредливи зборови вратете со љубов

Децата честопати во афект ќе кажат некои навредливи зборови што не ги мислат, на пр. „Те мразам! Зошто баш ти си ми мајка?, но запаметете дека вие сте зрела личност и не реагирајте бурно, туку смирено.
Одговорете со топли емоции и кажете им дека ги сакате. Тоа повеќе ќе користи отколку да им вратите во иста мера. Подоцна ќе сфатат каде згрешиле и ќе се извинат.



912

X