Со оглед на тоа што сезоната на летување е во полн ек, оваа идеја сигурно ќе ви биде од помош на плажа со вашите деца.

Секому му е познато колку може да биде непријатен песокот за кожата. Кога ќе почнете да се спремате за враќање од плажа, тешко е да се ослободите од секое зрнце песок, а песокот може да предизвика и иритација на кожата, што за многумина е вистински кошмар.

За среќа, една мајка открила трик што го користи за да го исчисти песокот од детските стапала, а тој е едноставен и евтин.

На родителскиот форум „Мамснет“ таа открива дека на стапалата на децата става пудра.

– Денес се обидов со оваа метода. Луѓето чудно ме гледаа, но функционираше. Песокот сам падна од кожата на децата – напиша таа.

Затоа пудрата сега постојано ќе се наоѓа во нејзината торба за плажа.

– Пудрата ја отстранува влагата од кожата и поради тоа песокот веднаш престанува да се лепи и едноставно паѓа сам – вели таа.

Како што вели, пудрата е ефикасна за отстранување на песокот и од косата, а слично функционира и пченкарниот скроб.



912

X