Австриски пар предизвика хаос на интернет кога објави дека бара дадилка за нивното дете чија плата ќе изнесува 7.500 евра за шест недели.

На прв поглед овој оглас е исклучително примамлив, но понудата доаѓа со неколку услови. Оваа австриско-американска двојка наведува дека бара дадилка за нивната ќерка, која треба да се роди на 7 јуни. Платата е 250 евра дневно, со работна недела од 5 дена, а крајната сума за шестнеднелна работа достигнува 7.500 евра.

– Работиме од 12 до 18 часа дневно – истакна семејството во огласот.

Во овој период дадилката треба да се грижи за бебето, да го бања, да му менува пелени, да го заспива, да пере алишта, да приготвува храна, да работи на воспоставување рутина за спиење и да го документира напредокот на тежината на бебето.

Токму поради оваа причина, од дадилката се бара да има искуство со новородени бебиња. Пожелно е познавање на англиски јазик, иако не е услов. Истото важи и за германскиот јазик.

Извор



912

X