Да се има деца е најдобрата работа што ми се случила, но воедно е и најинтензивна. Постојат моменти (или денови) кога ме победува недостигот на сон и правам работи што немаат многу смисла. Ова се само некои од работите што се случија во изминатата недела…
– Денес не се истуширав (бидејќи сум прилично сигурна дека вчера се истуширав)
Прилично сум сигурна, мислам дека постојат 50 отсто шанси дека вчера се истуширав. Секогаш се будам наутро со намера да го направам тоа, но некако денот ми поминува додека да се свртам. Секој ден. Имам две мали деца кои ме следат каде и да одам, па планирањето на која било самостојна активност е вистински предизвик.
– Ги заменив чевлите
Два пати во еден ден му ги ставив чевлите на мојот син на погрешното стапало. Всушност, не ни забележав првиот пат додека не се сопна кога почна да трча. За среќа, не се случи трет пати.
-Слушам само половина од разговорите
За жал, тоа не е само затоа што другата половина од моето внимание е насочена на моите деца. Тоа се случува и кога тие не се со мене. Толку се трудам внимателно да слушам, но кога сум изморена, вниманието и мислите ми лутаат. Или ненамерно почнувам да составувам листи со обврски во главата.
-Понекогаш со ногата го удирам сопругот во текот на ноќта и се преправам дека тоа е случајно
Мојот сопруг е одличен татко, но му недостига прилично важна компонента за задоволување на потребите на моите ќерки во текот на ноќта (дојки). Покрај тоа, рано станува и утредента оди на работа каде што мора да биде речиси цел ден. Понекогаш сепак постојат оние навистина ужасни ноќи во кои си толку долго буден и само сакаш некој друг малку да ја почувствува твојата болка.

-На ракавот имам дамки од мрсули и прилично сум сигурна дека не се мои
Се обидувам да бидам организирана и да имам марамчиња насекаде низ домот. Не оди секогаш така, па морам да импровизирам. Мојот изморен ум не мора да смисли најдобри решенија.
-На тројца различни луѓе им реков дека на 20 март се случува нешто многу важно, но не знам што
Оттогаш сфатив дека 20 март е датум кога заминувам на вечера со стари пријатели. Тоа се информации кои моментално ги држам во главата. Што, иако е важно, веројатно не е толку важно за нашиот секојдневен живот како датумите за вакцинирање и Божиќ. Божиќ е секогаш на 25 декември, нели?
Автор: Киа Томас