Многу родители во зимските месеци ги превезуваат своите деца во седиштата за автомобили облечени во „целосна зимска опрема“. Сметајќи дека во седиштето за автомобил се заштитени, тие забораваат на многу важен детал кој може да му го загрози животот на детето – возење во капут или јакна.

Д-р Драго Цикојевиќ, познат педијатар од Сплит, предупредува за опасностите што произлегуваат од оваа практика.

– Доаѓа зима и родителите, за да им биде топло, ги оставаат своите деца во нивното седиште во автомобилот облечени во дебели (или со пердуви) обложени јакни. Тоа не е паметна идеја. Напротив, лесно ќе ја излекувате настинката, но скршениот врат нема. Затоа убаво размислете пред да го ставите вашето дете во автомобилот и предупредете ги сите оние за кои знаете дека ја прават истата грешка. Зимските јакни по правило се многу дебели и со тоа се оневозможува детето убаво да се врзе со појасот, иако вам ви се чини дека е доволно цврсто.

Тоа не е точно ако детето на себе ја носи јакната. Во случај на сообраќајна несреќа, постои голема веројатност дека детето ќе излета од седиштето. Затоа, пред да го седнете детето во седиштето, соблечете му ја јакната. Симулацијата за сообраќајна несреќа што ја направиле со помош на кукли за тестирање покажало дека тоа е многу опасно. Имено, куклите од детското седиште излетале исто како да не биле врзани.

Ако само размислите колку воздух истиснувате од јакната кога сакате да ја спакувате во вреќа за вакуумирање, ќе ви стане јасно за што се работи. Ако детето не излета од седиштето, сепак може сериозно да се повреди во пределот на стомакот бидејќи појасот во случај на несреќа би го затегнал со огромна сила.
Многумина не се свесни за оваа опасност, затоа треба да бидат предупредени токму сега кога доаѓа зимата. Ако мислите дека вам и на вашето дете ќе ви биде студено без јакна, загрејте го автомобилот пред да влезете во него. Врзете го детето во седиштето, а потоа покријте го со ќебе или покријте го со јакната, советува педијатарот Драго.



912

X