Децата во Италија што не се вакцинирани од денеска нема да можат да посетуваат училишна настава сè додека не се вакцинираат, јави Би-би-си.

Родителите на невакцинираните деца на возраст меѓу шест и 16 години, доколку сепак ги испратат децата во училиште, ќе треба да платат казна до 500 евра. Децата под шест години ќе бидат вратени назад, односно нема да бидат примени во јасли или градинка.

Крајниот рок за потврда за вакцинација измина вчера, по едно одложување.
–  Сите имаа време да ги завршат обврските. Правилата се јасни: нема вакцина, нема школо – изјави министерката за здравство Џулија Гриљо.

Новиот закон е донесен поради бранот нови случаи на сипаници, кои како и во други земји, се вратија поради сè пониската имунизација меѓу населението. Вакциналниот опфат во Италија падна под 80 отсто, додека Светската здравствена организација смета дека е неопходен опфат од 95 отсто за да се спречи ширењето на заразата.

Според т.н. Лоренцинов закон, наречен според поранешниот министер за здравство кој го вовел, децата мора задолжително да се вакцинираат пред училиште, а меѓу вакцините се и оние против големи и мали сипаници, детска парализа, заушки и рубеола.



912

X