Ниту едно младо дете не е откриено и евидентирано дека пренело коронавирус на возрасен човек, открива нова студија. Анализите од влијанието на коронавирусот врз децата покажуваат дека е многу веројатно тие да „не играат значајна улога“ во ширењето на вирусот. Нема ниту еден случај на дете под 10 години што го пренело коронавирусот, откриено е преку следење на контактите од страна на Светската здравствена организација. Студијата направена од Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје открива доказ за „конзистентно демонстрирање намалена инфекција и инфективност на децата во синџирот на трансмисија“.

Д-р Алсдаир Мунро, клинички истражувач за педијатриски инфекциски зарази, вели: – Ковид-19 изгледа поретко ги погодува децата и со помала сериозност, вклучувајќи и чести асимптоматски или супклинички инфекции. Има докази за критична болест, но е ретка. Улогата на децата во трансмисијата е нејасна, но изгледа дека не игра значајна улога“.

Откриено било дека 9-годишно момче кое се заразило со коронавирусот во Источна Франција не го пренело вирусот и покрај неговиот контакт со дури 170 луѓе.

Детето е меѓу бројката на контакти поврзани со Стив Волш, бизнисменот кој стана првиот Британец позитивен на коронавирусот откако присуствувал на конференција за продажба во Сингапур во јануари.

Швајцарија најави дека ќе дозволи децата под 10 години да ги посетуваат и прегрнуваат своите баби и дедовци. Федералното министерство за јавно здравје тврди дека децата „не се ризик“ за постарите, но дека контактите треба да бидат кратки.

Портпаролот за коронавирус д-р Даниел Коч изјавил: „Сега знаеме дека малите деца не го пренесуваат вирусот“.

Автор: Томас Буроус

Извор



912

X