Познатиот готвач Гордон Ремзи е познат по својот отворен и директен пристап во ТВ-емисиите, но тој не е строг само во емисиите, таков е и дома.

„Пеколниот“ готвач со сопругата Тана има пет деца – Меган (24), близнаците Џек и Холи (23), Тили (21) и Оскар (3) и сите тие мора да ги почитуваат строгите правила што им ги наметнал.

Тие нема да го наследат неговото богатство

Според веб-страницата „Celebrity Net Worth“, Гордон вреди 181 милион фунти. Но, нема сѐ да им остави на децата бидејќи не сака да ги разгалува. Тој рекол дека секој од нив ќе добие по 25 отсто од имотот за живеење, а не целиот.

„Тие дефинитивно нема да ги добијат тие пари, но не затоа што сум злобен, туку за да не ги расипам и разгалам“, објаснил тој.

Имаат ограничен џепарлак

Ремзи открил и дека неговата ќерка Меган учи и добива 100 фунти неделно, додека на другите деца им дава 50 фунти неделно џепарлак. Неговите деца треба сами да си ги плаќаат телефонските сметки и билетите за јавен превоз. Покрај тоа, сите помагаат во куќата за да заработат џепарлак, на пример, расчистување на масата по вечерата.

Пцуењето е забрането

Гордон пцуе на телевизија, но во домот е друг човек. „Децата знаат дека понекогаш кажувам лош збор, но не пцујат“, изјавил тој.

Мобилните телефони се забранети в кревет

Гордон и неговата сопруга Тана, исто така, имаат строга политика во однос на користењето мобилни телефони. Децата ги оставаат надвор од собите кога одат да спијат.

Тие не летаат во прва класа

Кога семејството патува на одмор, Гордон и Тана летаат во прва класа, а нивните деца летаат со економска класа.

„Работев напорно за да седам блиску до пилотот, а повеќе го цените тоа кога си го овозможувате преку вашата работа. Сакам да им го всадам тоа чувство на децата“, објаснил тој.

Така, Гордон сака да ги држи децата приземјени, дури и кога се во воздух.

Извор



912

X