Сите знаеме дека Рајан Рејнолдс има одлична смисла за хумор, особено кога е во прашање родителството. Тој и актерката Блејк Лајвли имаат 3 ќерки – Џејмс (6), Инес (4) и Бети (2).

Актерот го обожава друштвото на своите девојчиња. Сака да се шегува, па неговите зборови го смеат секој родител. Ова се некои од неговите реченици што родителите ги обожаваат:

„Да се биде татко е најубавото чувство на светот. Тоа не ги вклучува оние совршени години без деца, се разбира.“

„Ќерка ми само што ми кивна в уста додека се проѕевав. Изгледа дека тоа неверојатно многу ја забавува.“

„Ништо не е подобро од тоа цело утро да го поминеш зјапајќи во очите на својата ќерка со шепот: Го можам јас тоа!“

„Совет: Многу е важно родителите да одвојат време за себе. Дури и ако чувствувате вина кога ќе се вратите по 14 години.“

„Не ми е проблем да се разбудам во пет заради менување пелени. Колку и да сум исцрпен, ја имам таа глупава насмевка на лицето“.

„Нема причина да се подготвам за тоа дека ќерките ќе ме вртат околу малиот прст. Се вртам самиот откако дојдоа на свет“.

Извор



912

X