Тешко е да се има новороденче. А и плачот на бебето за кој не сме сигурни што сигнализира, може да ја направи тешката ситуација уште потешка. Постојат конкретни причини за овие девет вида плач за кои ќе прочитате во продолжение.

Ана Шилдс, мајка на новороденче, споделила како да знаете што точно му треба на вашето бебе. Таа вели дека постојат девет различни вида плач, а секој од нив има различно значење.

„Разликите во плачењето се толку јасни што ако знаете како да ги препознаете, секогаш ќе знаете што му треба на вашето бебе“, вели Ана. Таа рекла дека го научила паметниот трик од „First Discoverers“ и тоа ѝ го променило животот.

Глад

Експертите велат дека кога вашето бебе е гладно, тоа плаче на специфичен начин. „Како да цица, јазикот на бебето се лепи за непцето и звукот што излегува е ‘нех’, бидејќи бебето е гладно“, велат тие.

Потреба за подригнување

Индикација дека бебето треба да подригне е плач при кој се слуша шушкање „ех“. „Бебињата испуштаат таков звук бидејќи им се спушта дијафрагмата и им се затвора гркланот“ – тврдат експертите.

Замор

Вашето бебе ќе ве извести кога е подготвено за спиење, дури и ако мислите дека тоа никогаш нема да се случи. Клучно е да ги слушате неговите звуци на проѕевањето, кои звучат поинаку кај возрасните. „Устата широко се отвора, јазикот се израмнува и се повлекува, па звучи како ‘ао’“.

Болки во стомакот

Вашето дете ќе ве извести дали го боли стомакот. Звуците се подолги од другите звуци на плачење и врескање и децата мрдаат за време на плачењето. Експертите го опишуваат звукот како „рапав, затегнат и долготраен“.

Непријатност

Бебињата можат да бидат прилично немирни, а тоа често се случува затоа што едноставно не им е удобно. Можеби им е премногу топло или премногу студено или не им се допаѓа положбата во која ги ставате. Плачењето за ова звучи како „хех“ и се издвојува од другите. Експертите велат дека мекото „Х“ лесно се препознава при плачењето.

Раст на забите

Плачот за тоа е многу јасен и звучи како „гуен“. Овој звук е проследен со зголемено лачење плунка и бебето изгледа како да ги трие непцата едно од друго. На вашето бебе можете да му понудите прстен од гел за џвакање, во овој случај.

Осаменост

Ако на вашето бебе му треба малку друштво, тоа има свој начин да ве извести. Срцепарателниот плач е дел од плачот со кој сака да ве извести дека е осамено, а звучи како „лелаол“, велат професионалците. Звукот е мирен и тажен. Со ова мало „лелекање“ бебето ви дава до знаење дека му е здодевно и дека му треба поврзување и присуство – велат експертите.

Жед

Кога на вашето новороденче му треба пијалак, тоа ќе испушти звук „не“. Тоа е затоа што неговиот „јазик го лупи непцето“, објаснуваат експертите.


„Сан“ пишува дека кога ништо не е добро, бебето плаче, а тоа звучи како звукот „уин“. Слушајте го чистиот звук на буквата „О“ и гушкајте го вашето дете за да му дадете до знаење дека сте тука за него.

Автор: Клаудиа Џексон

Извор



912

X