Мелиса Вилетс, мајка на три деца, имала 37 години кога објавила дека размислува за уште деца. Некои од луѓето од нејзината околина биле шокирани, па Мелиса ги опишува најлошите коментари што ги слушнала.
1. Ме третираат како „постара родилка“
Жените што се и само еден ден постари од 34 години се третираат како „стари“ мајки. Не е исто да се биде трудна во доцните триесетти и по четириесеттата.
2. „Одиш на вештачко оплодување?“
Никогаш никој не ме праша како сум ги зачнала моите деца, но познавам неколку постари мајки, особено оние што родиле близнаци по 35-тата година, на кои им било поставено ова прашање. Некои жени оделе на вештачко оплодување, но некои не. И покрај популарното верување, „постарите“ луѓе и понатаму имаат секс и можат да забременат.
3. Ми зборуваат колку ќе бидам стара кога моето дете ќе тргне на факултет, кога ќе се ожени итн.
Не сум математичарка, но сум свесна дека кога моето дете ќе биде полнолетно, јас ќе имам речиси 60. А кога ќе наполни 30, јас ќе бидам близу 70. Не мораш да ме потсетуваш на тоа.
4. „Јас сакав да имам деца како млада мајка“
И јас исто! Затоа првото го родив на 29 години. Но, потоа родив уште деца и не сакам да престанам.
5. „Јас повеќе нема да имам деца“
Жените на мои години постојано го зборуваат тоа Фактот дека сум единствена мајка што сака дете на 37 години прави да се чувствувам осамено. Би сакала да познавам и други мајки што сакаат да имаат уште деца, а се на моја возраст, но тоа не го менува фактот дека сопругот и јас сакаме нашето семејство да се прошири.
6. Набројување факти колку бременоста по 35-тата година може да биде ризична
Вистина е дека носи повеќе ризици и за мајката и за бебето, како што се хромозомски абнормалности и гестациски дијабетес. Но, постои и другата страна на паричката, па многу истражувања покажуваат дека и подоцнежната бременост има предности.
7. „Џенет Џексон беше трудна на 50 години“
Вистина? Јас имам 37 – тоа е исто како 50? Вистина е дека многу жени денес раѓаат подоцна. И додека е невообичаено жените да забременат на 50 години, забременувањето пред 40-тата година не е толку чудно.
8. Ме прашуваат дали имам доволно енергија
Мајчинството е исцрпувачко без оглед на тоа колку години имаш. Но да, има утра кога не сакаш да станеш од креветот и до пет попладне си мртва уморна. Но, тоа е така затоа што сакам сè да постигнам, како и сите мајки. На крајот, предноста на мајчинството во подоцнежни години е дека иако си уморна, посигурна си во себе и во своите одлуки. Плус, посвесна си за многу работи, на пример, дека никнувањето на забите не трае засекогаш и дека еднаш ќе ги изгубиш собраните килограми од бременоста… со текот на времето.
Автор: Мелиса Вилетс