Игротека

Неколку причини зошто е најубаво да се има постара сестра

Наставниците што ѝ предавале, ти предаваат и тебе, па сметаат дека си добра колку неа – Секако, таа беше најдобрата во класот, па автоматски наставниците сметаат дека и ти заслужуваш добра оценка.

Те зацврстуваше – Ти долги години се соочуваше со лоши коментари и задевање, секакви навреди и исмејувања од твоите пријатели токму затоа што твојата сестра ти даваше огромна сила.

Те научи за чудниот и збунувачки свет на девојките – Нејзината мелодрама и нејзиното инсистирање другарките да спијат кај неа секој петок можеби тогаш беа иритирачки, меѓутоа, ти научи повеќе за женското однесување уште пред да навлезеш во светот на возрасните.

Велеше дека те мрази, меѓутоа, секогаш стоеше зад тебе и те поддржуваше – Никој не смееше да те задева освен неа.

Секогаш беше на твоја страна во вечната борба меѓу тебе и твоите родители – Кој друг би ги убедил мајка ти и татко ти да посвоите кученце?

Нејзиниот увид на менталните процеси на нејзиниот тинејџерски женски мозок беше неверојатен – Таа знаеше зошто некој флертува со тебе и зошто ова момче секогаш те задеваше на училиште.

Секогаш имаше совет за тоа како да викнеш некој на состанок и како некому да му ги искажеш чувствата – и секако секогаш успеваше.

Знаеше што е модерно – што автоматски за тебе беше огромен поен.

Tи покажа како е да се биде во врска – Поминувањето на времето со некој друг изгледаше бизарно, но исто така беше и забавно затоа што те натера да се запрашаш кога и ти ќе имаш некоја таква личност.

Таа ти покажа како е да поминуваш низ раскинување – Изгледаше ужасно – солзи, плачење… Се чинеше многу далеку од забавно. Меѓутоа, те натера да се надеваш дека ти никогаш нема да поминеш низ толку лошо раскинување, иако, секако, си поминала низ многу полоши.

Ти покажа дека е нормално да се чувствуваш збунето и чудно додека растеш – Пубертетот им се случува на сите.

Твоите родители не беа толку строги кон тебе – Тие поминаа низ сè со твојата постара сестра, така што, до моментот кога ти влезе во пубертет, твоите родители сфатија дека некои работи мора да се случат, па така научија да бидат потолерантни.

Таа им беше интересна на сите твои пријатели, така што автоматски ти беше поинтересна личност – Твоите пријателки сакаа да зборуваат со неа, да ѝ ги видат алиштата, парфемите.

Момчето на твојата сестра ти стана добар другар, што беше автоматски „кул“ – и, секако, ти беше многу позрела затоа што се дружиш со постари.

Таа те научи како да бидеш самоуверена – Таа никогаш не се плашеше да биде своја, и ти докажа дека и ти не треба да се плашиш.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top