На летување со децата склони сме кон поголема толеранција од вообичаено

Мајките прават толку чудни работи на дневна основа, што можат да ги разберат само оние што имаат деца. На годишен одмор, кога сте надвор од својата рутина, се случуваат работи кои обично не ги правиме дома. Ова се неколку од нив, кои мајките ги толерираат кај своите деца.

Дозволуваат да се прескокне туширањето

Многу мајки дозволуваат да се занемари рутината за редовна хигиена и бањање што децата ја имаат дома. Некои дозволуваат децата воопшто да не се истушираат откако ќе се избањаат во море и такви ги праќаат на спиење.

Менуваат пелени без разлика на местото и времето

Стоечки, на преполна плажа, на авионско седиште, во автобус… Мајките забораваат на комодитетите кога е во прашање патувањето и кога се на одмор.

Им даваат на децата да јадат нездрава храна

Дома мајките избегнуваат да им дават нездрава храна на децата, како чипс, крекери, чоколадни торти, хамбургери и слично. Но, во текот на летувањето често стануваат полиберални по тоа прашање, а најчестата причина е што и мајките сакаат за тие неколку дена навистина да се одморат, па на децата им даваат што било само за да не им досадуваат.

Дозволуваат децата да ползат по хотелските подови

Мајките се ужасуваат кога нивните деца ползат на подот од трговските центри, кафулињата и слично. Па и ползењето по хотелските подови не е исклучок. Но, кога се на одмор, најчесто мајките велат дека тоа е неизбежно, па се тешат дека детето така го гради имунитетот и станува отпорно на бактериите од подот.

Им облекуваат валкана облека на децата

И по толку многу подготовки, сепак, мајките се жалат дека не понеле доволно облека за децата. Секогаш на детето нешто му недостига бидејќи често ја валка облеката.

Чистат со влажни марамчиња

Влажните марамчиња се неизбежен сопатник на летувањето. Служат за да исчистат комплетно сѐ што може да се случи на патувањето или престојот на одмор, иако тоа не е најдоброто решение во повеќето случаи.

Не обрнуваат внимание на дамките на облеката

Понекогаш се случуваат мали незгоди во текот на одморот. Детето може да поврати, рацете со чоколада да ги допре до вашата маица и слично. Дома тоа би било незамисливо, па веднаш го пресоблекувате во чиста облека. Но, на одмор мајките се препуштаат и не обрнуваат премногу внимание дали на облеката има дамки, па ќе им ја сменат кога ќе имаат можност.



912

X