Колку и да се подготвувате за голем настан како породувањето, може да се случат некои неочекувани работи. На пример, можеби никој не ви споменал дека може да имате ненадејно празнење на цревата или дека може да почнете неконтролирано да треперите.

Еве неколку неочекувани „придружници“ на породувањето што треба да ги знаете:

Можеби не препознавате дека имате породилни болки

Иако ретко, некои жени не чувствуваат никакви контракции пред да почне породувањето. Освен што имаат симптоми на породување за кои слушнале – болка, грчеви, чувство како да треба да треба да одите по голема нужда – некои жени едноставно се чувствуваат „исклучени“, изморени или дури и летаргични.

Може да имате ситуација на празнење на цревата среде породување

Мускулите што вашето тело ги користи кога раѓате бебе се исти како оние што ги користите додека вршите голема нужда. Вообичаено е празнењето на цревата да се случи при породувањето, а тоа само значи дека ги користите вистинските мускули.

Можеби чувствувате неконтролирано треперење

Во последната фаза од породувањето некои жени почнуваат видливо да треперат. Треморот може да варира од благ до интензивен и може да трае до 45 минути по породувањето. Докторите и акушерките не ја знаат конкретната причина за оваа појава, но забележано е дека се јавува поради нагло опаѓање на телесната температура или ненадејна промена на нивото на хормоните. Може да се појави и поради анестезија и одредени лекови.

Може да повраќате

Гадењето и повраќањето не само што се чести во раната бременост, туку може да се појават и за време на породувањето. Вашиот дигестивен систем се забавува бидејќи целата ваша енергија е насочена кон матката. Се случува мајките да повраќаат и да се породуваат во исто време.

Можеби ќе сакате хамбургер и помфрит

Може да бидете гладни за време на породувањето, особено ако тоа е продолжено. Но, проблемот е што не се препорачува да се јадат ниту мали грицки за време на породувањето, а камоли сериозни оброци. Зашто, доколку породувањето оди во насока да е потребен итен царски рез, може да дојде до компликации.

Лоша контрола на мочниот меур

Некои жени се борат со инконтиненција во доцната бременост, така што контракциите може да влијаат врз вашата способност да го контролирате мокрењето. Но, во повеќето случаи инконтиненцијата исчезнува за четири до шест недели по раѓањето.

Извор



912

X