Кортни Кардашијан не се срами од начинот на кој им покажува љубов на своите деца. Реалити-ѕвездата е мајка на три деца кои често ги бакнува в уста, а тоа може да се забележи и на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

Секако, фановите често ја критикуваат поради тоа бидејќи сметаат дека бакнежот в уста е соодветен исклучиво за возрасните љубовни парови. Но, кога Кортни неодамна во интервју ја прашале што е тоа за што никогаш не би се извинила, таа веднаш одговорила: – Бакнувањето на моите деца в уста.

– Најлошо е кога луѓето непоканети даваат родителски совети. Никој не ги познава моите деца подобро од мене, добро сум, фала – додаде Кортни.

 

 

View this post on Instagram

 

eternal love

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

Таа не е единствена позната личност што ги бакнува децата в уста. Тоа го прават и Хилари Даф, Џесика Алба, Габриел Унион, па дури и некои татковци. Еден од нив е Дејвид Бекам, кој постојано објавува фотографии каде што ја бакнува неговата ќерка Харпер Севен и предизвикува лавина реакции.

 

 

View this post on Instagram

 

Christmas is coming ?? Let’s go skate ♥️

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

Колку и да не им се допаѓа ова на некои луѓе, науката е на страна на родителите што ги бакнуваат децата в уста бидејќи бакнувањето има добро влијание врз здравјето, пишува Британи Мекејб, едукатор за детски развој за familyeducation.

Кога човек бакнува или го бакнуваат, дури и оној што нема романтична цел, мозокот испушта окситоцин, допамин и серотонин. Окситоцинот се испушта и кога мајката го дои детето и е одговорен за изградба на здрава врска помеѓу родителите и детето.

Бакнувањето го намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес, а тоа има големо влијание врз менталното здравје на човекот, развојот и самопочитта.

Искажувањето љубов кон детето е пожелно за тоа да порасне во самоуверена личност, но одлуката како ќе го правите тоа зависи од вас. Некои немаат ништо против бакнежите, па дури и в уста, додека за други доволен е нежен допир или прегратка.



912

X