Не е изненадување што експертите препорачуваат да се носат маски за лице за да се заштитиме од коронавирусот. Но, бидејќи се појавуваат нови мутирани соеви, многу лекари сега препорачуваат да се носат две маски за да се зголеми заштитата од Ковид-19.

Но, што е со децата, дали тие треба да носат две маски?

Додека на децата на возраст од 2 години или постари им се препорачува да носат маска за лице кога се во јавност, експертите за инфективни болести што стојат зад сегашните упатства за носење две маски велат дека нивната препорака не се однесува на деца.

– Нашата препорака воопшто не се однесува на децата. Навистина, децата се значително помалку изложени на ризик од сериозна болест предизвикана од Ковид-19 отколку возрасните – вели д-р Моника Ганди, експерт за инфективни болести и професорка по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.

Дополнително, д-р Арон Мајлстоун, педијатар во детскиот центар „Џон Хопкинс“ и експерт за инфективни болести од болницата „Џон Хопкинс“, вели дека кога станува збор за децата и маските за лице, најважниот фактор е нивното правилно носење.

– Две маски не се подобри од една ако детето ја отстрани маската или има проблем со дишењето додека ја носи маската. Приоритет е да се најде маска што одговара и која детето ќе ја задржи на устата и носот – вели Мајлстоун.

Ганди вели дека се препорачува медицински ранливите лица во области со висок пренос и оние што работат во полни затворени простории да носат двојни маски. Според Ганди, децата, младите на факултетска возраст и луѓето што живеат во области со ниско ниво на пренесување на болеста не треба да носат две маски за лице кога се во јавност.

Автор: Морган Бринли

Извор



912

X