Воспитување

Детски спортски клубови им забрануваат на родителите да навиваат

Детска игра, на пример, фудбал. Доаѓате со вашето дете и му објаснувате, како и секојпат, дека најважно е да ја игра играта и да даде се од себе. Велите дека за вас тој е секогаш победник и дека ако даде сѐ од себе, тоа е најдоброто нешто што може да го направи. Едвај чекате да го видите вашето дете на терен.

И тогаш играта започнува. И наеднаш се чувствувате како да сте на дербито Динамо – Хајдук или некој решавачки натпревар за Светско првенство. Одредени родители навиваат, и тоа гласно, погласно отколку што прилега, всушност многу сурово, така што воопшто не можете да се концентрирате на вашето дете и неговата игра. Да, некои родители едноставно немаат мера во вакви ситуации.

Токму поради таквите родители, еден детски фудбалски клуб од Монтана решил да воведе строги правила за родителите. „Surf Soccer Club“ вовел нешто што го нарекуваат „Тивка сабота“, а според правилата, родителите не смеат да зборуваат, да викаат или да навиваат за време на играта.

Правилата се следни:

-Нема зборување, викање или разговор меѓу родителите што го гледаат натпреварот;

-Апсолутно нема директен разговор со судиите, освен заблагодарување на крајот на играта;

-Нема навивање додека не заврши играта.

Звучи премногу строго? Ако одговорите со „да“, тоа може да значи дека сте еден од „тие родители“. Сите други ќе ја разберат потребата од овие правила, па дури и ќе сакаат нешто слично во клубот на своето дете.

Двојни реакции

Тренерите се одлучиле на овој потег за да можат да го насочат вниманието кон оние што ги тренираат, а тоа се најмалите. А од друга страна, тие малечки да покажат што научиле без одвлекување на вниманието. Клубот одлучно стои зад својата одлука, додека некои родители се побуниле против овој правилник.

„Мизерно е да се игра пред тивки зомбија. Па, секој играч копнее по овации од публиката кога работите се вжештуваат“, напишал еден родител под објавата на веб-страницата на клубот. Друг напишал: „Ова е најсмешното нешто што сум го слушнал. Ми велите дека не можам да навивам за моето дете!“

По првиот ваков натпревар родителите не биле воодушевени, а според нивното коментирање, овој концепт не им се допаднал ниту на децата. Она што некои со право го забележале е дека тие што не се однесуваат соодветно треба да бидат казнети, а не сите родители да бидат санкционирани на овој начин. Имено, проблемот е кај родителите кои дофрлаат сурови и непримерни коментари и совети, како и упатства за своите деца. И за тоа ќе има луѓе кои ќе бидат ЗА и оние што ќе бидат строго ПРОТИВ. Ние ќе се согласиме со еден од родителите и ќе кажеме дека би било во ред да се навива, но фер и спортски.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top