Под мотото „Нека победи највеселиот“, денеска во балонот на ООУ „Петар Здравковски Пенко“ се одржа детската меѓуопштинска олимпијада за дечињата од предучилишните установи. Домаќин на годинешнава манифестација беше детската градинка „11 Октомври“ од Општина Бутел. Воедно, со оваа манифестација се одбележаа и Детската недела и патрониот празник на градинката.

На манифестацијата се натпреваруваа 300 дечиња од 9 скопски општини: Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари, Чаир, Аеродром, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров и Карпош. Децата се натпреваруваа во повеќе екипни спортски игри, а за најдобрите беа доделени и златни медали.



912

X