Се појави една книга, која освен што изгледа преубаво и препривлечно, така што раката не може да се воздржи да не посегне по неа, туку таа и во себе содржи надоврзувачка прекрасност.
Се вика „Мама“…

„Мама.
Еден од првите зборови на светот
Единствено име, што го носат милијарди жени.
Еден збор што искажува љубов, нежност,
а некогаш и празнина.
Има толку мајки колку што има и деца.
Сепак, на сите континенти,
кога ќе го земат своето бебе в раце,
сите мајки си личат“.

Во „Мама“ е собрана сета мајчина нежност од светот, сите скриени чувства, сето единствено доживување за своите деца од човекот кој живот дава. Па, ако сте се прашувале како им е на мајките натоварени со грижата за нас, нивните деца, кои сме им целиот свет, тогаш оваа книга ги носи одговорите.

„Ќе дојде време,
За твојот прв чекор,
За првата книга,
За првиот цртеж.
За првата прегратка,
За првата песна,
За првата свеќичка.
За првиот филм,
Првото: ’Мама‘,
Првото: ’Те сакам‘.
По првпат ќе кажеш смешка,
Ќе лизнеш мед,
Ќе скинеш цвет.
Во ред.
Ќе се разбудиш ли?
Имаме многу работа!“

По овие стихувани кревкости и илустрирани мекости, мислам дека ќе ни стане јасно, ако сè уште не ни станало, колку всушност сме привилегирани суштества. Дека ние веќе сме устоличени кралици и кралеви, во животот на нејзиното неприкосновено височество – Мајката. И можеби ќе станеме посвесни за сите дотогашни несвесности кога не сме се однесувале соодветно кон нашите мајки. Тие и тоа ќе ни го простат.

„Злато мое,
мило мое,
чудо мое.
Остани на топло, во бедемот на мојата прегратка.
Допушти ми, уште неколку години,
да те штитам од суровоста на светот.“

„Какво доживување!
Ти си на почетокот, јас одам кон крајот.
Имаш сè в раце,
а мене ми треба твојата.
Ти ја предавам штафетата.
Какво доживување.
Какво доживување!“



912

X