Образование

Неизвесно е до кога ќе биде затворено училиштето ,,Димитар Миладинов“

Настава во училиштето ,,Димитар Миладинов“ во Општина Центар нема да има ниту денес ниту в понеделник, соопштуваат од Општината. Објектот е затворен пред неколку дена поради голем дефект на водоводната мрежа.
– Од училиштето се земени четири мостри на вода од страна на Центарот за јавно здравје-Скопје и сѐ додека не се добие конечен извештај од Центарот, училиштето нема да работи – велат оттаму.

Фото: moepp.gov.mk

Во меѓувреме анализа на водата направи и Јавното претпријатие ,,Водовод и канализација“, а официјалните резултати покажаа дека водата за пиење е бактериолошки исправна.

А.П.

Поврзани написи

To top