Повеќето самохрани родители го сакаат најдоброто за своите деца и покрај околностите. Бројот на самохрани родители во САД е во пораст, а ефектите може да бидат долгорочни за децата. Кога сакате да научите за начините на кои децата се погодени од живеењето со самохран родител, постојат неколку важни факти што треба да се разберат.
Ниска самодоверба
Децата ја добиваат сигурноста во сопствениот дом, кој влијае врз начинот на кој тие се гледаат себеси и светот околу нив. Поради околностите во детството, тие може да имаат пониски очекувања од нивната околина. Можно е да не разберат како да изградат стабилен брак подоцна во животот, ако не живеат со двајцата родители. Нивната ниска самодоверба исто така може да произлегува од тоа што не добиваат доволно внимание од едниот родител, па тоа да им предизвикува тешкотии и дома и на училиште. Важно е да се препознаат достигнувањата на детето и поставувајте извештај на фрижидерот или наградете го детето со нешто преку кое ќе му покажете дека се грижите.
Ваквите деца може да се чувствуваат осамени ако повеќе време поминуваат сами, па начинот на социјализација може да биде голем предизвик за нив. Можно е да страдаат од чувство на напуштеност и да имаат проблем да се поврзат со други индивидуи поради недостигот на самодоверба. Ако чувствуваат дека некој од родителите не ги сака, можно е да не разберат зошто некој друг би ја согледал нивната вредност.
Недостиг на финансии
Многу родители што сами одгледуваат деца можно е да имаат ограничен финансиски фонд, бидејќи живеат од само еден приход. Тоа значи дека децата често ќе пропуштаат одредени активности, курсеви или слично бидејќи родителот не може да си го дозволи тоа. Во зависност од бројот на деца во домот, дури и образованието и облеката може да се вистински предизвик за родителот. Дополнително, поради сето тоа, стресот може да доведе до чувство на голем притисок врз родителот, а детето сигурно ќе го препознае тој тежок момент.
Недостиг на дисциплина
Во некои случаи децата може да почнат да развиваат лошо однесување поради недостиг на дисциплина. За самохраните родители, поставувањето граници и правила може да биде предизвик бидејќи, во нивниот случај, тие немаат поддршка од партнер. Децата може да запаѓаат во неволји на училиште и да бидат бунтовни во тинејџерските години. Многу деца ја носат со себе болката поради фактот што немаат двајца родители дома, па може и да подлегнат на искушенија како дрога и алкохол кога ќе тргнат во средно училиште. Ова може да доведе и до нелегални активности кога ќе станат возрасни луѓе.
Неуспех во образованието
Повеќето самохрани родители поминуваат повеќе часови на работа за да можат да ги издржуваат децата, што значи дека тие често ќе бидат запоставени. Недостигот на надзор може да предизвика тие да не создаваат здрави работни навики и да не ги извршуваат училишните задачи. Исто така, немаат насоки во врска со продолжението на образованието, ниту пак добиваат признание за академскиот успех, во случај кога родителот често не е дома.
Автор: Амбер Медисон