Воспитување

Добар родител знае да каже и „не!“

Колку пати како деца сме го слушнале зборот „не“ и сме помислиле дека родителите едноставно не нѐ разбираат или не сакаат да ни ги исполнат желбите?

А колку пати денес, како родители, сфаќаме дека да се биде добар родител, подразбира и храброст да се постави граница?

Во ова видео Абу Ашраф од профилот @misterneurodevelopment потсетува на една длабока вистина: вистинската грижа не се изразува само со одобрување, туку и со способноста да се каже „не“ кога тоа е во најдобар интерес на детето.

Понекогаш зборот „не“ е единствениот начин родителот да каже:

  • „Се грижам за тебе.“
  • „Се плашам за твојата безбедност.“
  • „Мислам дека ова во моментов не е добро за тебе.“

Да се каже „не“ не значи скратување на љубовта, туку поставување граница што го заштитува детето додека расте.

Поврзани написи

To top