Раѓањето на детето е еден од најсреќните и највозбудливи моменти во животот на една жена.

Но, деновите по породувањето се исто толку убави колку што се и стресни и исцрпувачки. Грижата за бебето по раѓањето е нешто на што треба да се подготвите порано, а не треба да се заборави ниту мајката! Следната листа со клучни работи може да ја наречете „Грижа за бебиња по раѓањето“, но има и работи што многу ќе ѝ се најдат на мајката.

Спас за градите и брадавиците

Доењето е прекрасно искуство за секоја мајка. Им овозможува на мајката и бебето да се поврзат и им дава чувство на сигурност. Но, за време на доењето често се оштетува чувствителната кожа на брадавиците, што го прави доењето болно и непријатно.

Во овој случај, добро е да имате некој од препаратите на база на ланолин кој ги штити брадавиците за време на доењето и го спречува создавањето на пукнатини. Ланолинот веднаш ја ублажува непријатноста, ја одржува кожата на брадавиците мека, еластична и здрава и ја заменува и надополнува природната маст на кожата која се губи за време на доењето. Во периодот на доење, исто така, се препорачува да користите цврст, но удобен памучен градник кој ќе обезбеди добра поддршка на градите. Доколку истекувањето на млекото не престане по доењето, се препорачува да користите практични влошки за градник – што се перат или се за еднократна употреба, што ќе го спречи истекувањето на млекото на облеката.

Нега на кожата на телото

Во просек, трудниците добиваат од 5 до 15 килограми за само 9 месеци, што предизвикува пребрзо растегнување на кожата на телото, што резултира со пукнатини и лузни на кожата – стрии. Стриите најчесто се појавуваат на стомакот, колковите, задникот и на градите. Стриите за време на бременоста не е лесно да се избегнат, а уште потешко е целосно да се отстранат откако ќе се појават. За да се намали нивната видливост по породувањето, се препорачува користење на хранливи масла кои ќе овозможат побрзо заздравување на стриите и ќе ги направат помалку видливи.

Стриите не се единствениот проблем на новите мајки. По породувањето кожата на абдоменот останува опуштена и збрчкана, па целта е што побрзо да се врати во форма и да се зацврсти. Производите за зацврстување на кожата доаѓаат во многу форми, како интензивни постнатални гелови за кожата или природни кремови за зацврстување на кожата.

Грижа за бебињата во првите денови

Во првите недели бебето е најчувствително бидејќи неговата заштитна кожна бариера не е целосно развиена. Затоа, грижата за бебето по раѓањето е многу важна. Во првите денови се препорачува лесно капење во топла вода, со блага камилица или многу нежни детски средства кои нема да ја нарушат деликатната рамнотежа на кожата на бебето.

Областа за пелени на бебето е особено чувствителна поради фактот што често е влажна. Поради ова, често се појавува исип. За ублажување на исип на пелена, се препорачува посебна грижа со мелеми или класична детска маст.

Теменица

Појавата на теменица (себороичен дерматитис кај бебињата) е чест случај кај новородените бебиња во првите недели од животот. Станува збор за лушпести наслојки на темето на бебето, а причината најчесто се габите. Во случај на исип на скалпот, се препорачува употреба на специјални шампони за скалпот кои ќе ја отстранат причината за исипот и ќе го исчистат скалпот на бебето на исклучително нежен, но ефикасен начин.

Извор



912

X