Растењето во нефункционално семејство може да остави рани со сериозни последици во подоцнежниот живот. За жал, овој вид семејства се многу почести отколку што мислиме. Емоционална манипулација, понижување, недостиг на емпатија и чувствителност, проблеми во комуникацијата… Сето тоа се карактеристични кои укажуваат на нефункционално семејство.

Кога растат во вакво опкружување, децата мора да се приспособат за да преживеат. Тие го прават тоа за да се заштитат од опкружување што е далеку од идеално. За злото да биде поголемо, ги набљудуваат обрасците на однесување кои веројатно ќе ги имитираат кога ќе пораснат. Семејното опкружување може или да го олесни или да го попречи психолошкиот развој на децата, затоа е тоа толку важно.

Пет улоги

Нефункционалните семејства не се реткост. Затоа е сосема нормално што децата морале да научат да прифаќаат различни улоги. Овие улоги или им дозволуваат да се заштитат или да се покорат на работите што се случуваат околу нив. Постојат 5 вида улоги кои децата може да ги играат. Нивниот избор ќе зависи од личноста на детето и видот на нефункционалното семејство во кое расте детето.

Бунтовно дете – дете со проблеми во однесување кое се буни против кој било вид авторитет. Ова дете веројатно расте во дом во кој родителите се разделиле или во кој имало злоупотребување.

Виновник – дете кое секогаш се обвинува и кое постојано носи чувство на вина со себе.

Мала возрасна личност – ова дете ја прифатило улогата на своите родители. Созрева многу рано и нема нормално детство. Генерално, родителите на вакви деца се емоционално незрели и не се во состојба да ја преземат одговорноста за својот живот.

Невредно дете – дете чии потреби се игнорираат и дете кое научило да ги задуши своите емоции. Како последица на тоа, обично е срамежливо и тивко. Неговите родители не му посветуваат доволно внимание бидејќи веројатно се нурнати во проблеми во своите односи. Ваквите деца веруваат дека не се достојни за љубов.

Манипулатор – ова дете учи дека со манипулација може да го добие тоа што го сака. Најверојатно има родители кои не знаат како да постават граници и не се заинтересирани за детето. Попрво би му дале видеоигри или слатки само за да бидат оставени на мира.

Растење во нефункционално семејство

Родителите често велат дека имаат тешки и бунтовни деца кои ги полудуваат. Она што не го сфаќаат е дека тоа е повик за помош, потреба за внимание и уважување. Можеби некои од нас може да се поистоветат со некоја од овие улоги. Можеби несвесно сме ги усвоиле кога сме биле уште млади и кога уште не сме го разбирале животот или односите. Секоја од овие улоги се развива во зависност од тоа како нашето семејство се однесува со нас.

Во нефункционално семејство родителите често со прст покажуваат кон најмладите деца и ги класифицираат како проблематични. Се жалат дека се себични. Меѓутоа, вистина е дека проблемот секогаш почнува кај родителите. Овие возрасни лица не научиле како да се однесуваат кон другите на здрав начин. Децата почнуваат да учат нефункционални обрасци на однесување кои ќе ги репродуцираат во не толку далечна иднина. Да го земеме за пример детето кое расте во нефункционално семејство каде што постои злоупотреба и зависност. Родителите во тој случај се нурнати во своите проблеми и децата од нив не примаат никакво внимание, па дури чувствуваат и вина. Ова дете веројатно со текот на времето ќе поверува дека не е вредно.

Последици во иднината

Каков вид однос во иднината можат да очекува? Најверојатно тоа ќе бидат односи во кои ќе страда бидејќи детето ќе чувствува дека нема избор. А што ќе се случи со неговите односи на работа или неговите пријателства? Поради недостиг на самопочит и постојано чувство на вина, ќе се чувствува одговорно за сопствените неуспеси, па и за туѓите. Затоа веројатно ќе стане перфекционист.

Семејството е опкружување во кое децата растат и место каде што мора да научат како да се однесуваат кон другите. Сепак, многумина од оние што пораснале во нефункционални семејства, со голема внатрешна борба и труд, успеале да испливаат и да остварат нормален и исполнет живот.

Извор



912

X