Анемијата или недостигот на железо се јавува кај релативно голем број трудници, а многу од нив не ни знаат дека се анемични доколку не направат крвни анализи. Како што објаснуваат лекарите, дефицитот на железо често нема многу јасни симптоми, па бремените жени најчесто го мешаат со друга, помалку опасна состојба. Иако овој феномен сам по себе не е опасен за трудницата, може да биде опасен за бебето.

За време на бременоста телото произведува повеќе крв за да го поддржи растот и развојот на бебето. Меѓутоа, ако бремената жена не внесува доволно железо или некои други хранливи материи, нејзиното тело нема да може да произведува доволна количина црвени крвни зрнца потребни за создавање дополнителна крв.

Иако е нормално да имате блага анемија во текот на бременоста, ако таа не се третира, може да го зголеми ризикот од сериозни компликации како што се предвремено породување или застој во растот на бебето.

Во раните фази на анемијата повеќето бремени жени немаат очигледни симптоми, а кога ќе се појават, тоа се главно бледа кожа, бледи усни и нокти, силно чувство на замор или слабост, вртоглавица, отежнато дишење, забрзана работа на срцето и проблеми со концентрацијата.

Извор



912

X