Дрзок, безобразен, тврдоглав или роден лидер – сите овие се термини што често се користат за да се опише однесувањето на децата кои не си го знаат местото во семејството. Често за таквите деца се вели дека се разгалени и дека родителите не им поставиле граници. Родителите понекогаш не забележуваат дека детето навистина така се однесува, а роднините и пријателите не сакаат да се мешаат во воспитувањето.

Ви даваме примери што би можеле да покажат дали вашето дете е дрско и дали треба да промените нешто во воспитувањето.

1. Ви се обраќа по име, а не со мамо или тато

Ова е генијална тактика што автоматски го отстранува родителскиот авторитет. Ако детето навистина е дрско, тоа често ќе го нагласува вашето име со одреден тон, а можеби ќе го додаде и вашето презиме. Тоа е исто како кога вие му се обраќате нему кога ќе направи нешто што не смеело.

2. Уште на три години воопшто не ве слуша

Иако е уште мало, вашето дете вешто го избегнува она што сте му рекле да го направи. Едноставните реченици како: „Да одиме да јадеме“ или „Стави си ги чевлите на место“ кај него не предизвикуваат никаква реакција. Можеби веќе знае и да преврти со очите кога нешто ќе му кажете.

3. Без проблем го прекинува разговорот на возрасните

Кога ние бевме мали, нашите мајки обично ни велеа: „Сега возрасните разговараат“. И тогаш повеќето од нас престануваа да зборуваат. Беше јасно дека е поставена граница, а децата мораа да чекаат возрасните да го завршат разговорот. Но, денес границите целосно се поместени. Децата мислат дека се центарот на светот, не само кај родителите, туку во целата вселена. Детето едноставно ќе се вмеша во разговорот на возрасните и гласно ќе каже што му треба.

4. Не прашува, туку кажува

Наместо да рече: „Мамо, може да играм со моите кукли во дневната соба?“, тоа дрско вели: „Одам да играм со куклите во дневната соба“, иако можеби сте му рекле дека треба да почека и дека не може да игра во таа соба.

5. Вашиот обид да воведете дисциплина е неуспешен

Вие: „Ако не го направиш ова, ќе одиш в соба“.
Детето: „Ти ќе одиш в соба“.

6. Ви се обраќа со наредба

„Мамо (или ќе ве нарече на име), дојди!“

7. Не го интересира што мислат другите

Кога станува збор за вакво дете, никогаш не мора да се грижите за неговите чувства за себе. Ќе избере луда комбинација за облекување, ќе стави шапка на главата и гордо ќе оди во градинка. Ќе изгледа задоволно и среќно и нема да го интересира што мислат другите за него.

8. Неговата омилена фраза е: „Ти не си ми шеф!“

Одеднаш сфаќате дека дете кое е високо само 110 сантиметри и не може само да се грижи за себе ви станало шеф. Вие се грижите за храната, покрив над главата, облеката и сите негови потреби, но детето одредува што ќе прави и кога ќе го прави тоа.

Извор



912

X