Луѓето секогаш ми велат: „Не знам како успеваш со три деца. Јас не можам со едно“.

А јас секогаш им велам дека со првото е најтешко.

Никогаш не сум била пошокирана, почувствителна и поненаспана во мојот живот. Да, тешко е со три деца. Но, влегувањето во мајчинството првпат е како торнадо што те врти и исфрла. Тие денови се најтешки.

Но, она што го знам е ова – можеш да го гушкаш твоето бебе, може да спие во твоите раце и можеш да имаш или да немаш рутина и тоа воопшто да не биде лошо.

Некои денови ќе се тушираш, други денови ќе мирисаш како орангутан со болви во главата. Некои денови ќе се чувствуваш благословена, други денови ќе се мразиш себеси бидејќи сè што сакаше е бебе. Но и двете чувства се во ред, и ништо од тоа не те прави лоша мајка.

Изнајмување дадилка, спиење, предавање на бебето на партнерот како фудбалска топка или ставање на бебето во креветот за да се одмориш некоја минута се во ред. Важно е твоето ментално здравје. Твојата самогрижа е уште поважна. Ти и понатаму си личност. Не мора да се исцрпуваш себеси за да бидеш добра мајка. Не мора да се изгубиш себеси. Никој не ја чисти куќата секој ден. Никој нема секс секој ден. Никој не е присебен секој ден. Сите се губиме.

Имав царски рез што беше тежок и природно породување што беше тешко. Ги хранев децата и со вештачко млеко и ги доев – сето тоа беше напорно. И сè беше неверојатно и пак сите мои деца и понатаму пцујат во погрешно време и имаат тантруми и јадат од подот. Сите три. Немој да се критикуваш себеси.

Никогаш не сум се карала толку со мојот сопруг. Двата брода што пловат во ноќта. Но, ќе се сретнете повторно, верувајте ми.

Не знам како постигнувам со три деца и не знам како постигнуваш ти со едно, но фактот е дека сите ние ги правиме работите одлично.

Ти си неверојатна. Низ солзите, валканите пелени, првите чекори, ти си неверојатна.

Никогаш немој да се сомневаш во тоа бидејќи твоите мали деца никогаш не се сомневаат. За нив, ти си прекрасна. За нив ти си сè.

 



912

X