Сите сме го направиле тоа. Седите во автобус со детето, тишина е, но тогаш друго дете почнува силно да вреска и да удира со нозете. Знаете, тоа лесно може да биде и вашето дете, но сепак една мисла ви поминува низ главата: дека детето вреска бидејќи мајката не го воспитала правилно?
Можеби постојат повеќе причини поради кои детето е вознемирено, на пр., не спиело добро или е гладно. Сите ние веднаш ја обвинуваме мајката. Сигурно постои решение на проблемот, но таа сè уште не го пронашла.
Но, што ако вие сте таа мајка? Ако вашето дете вреска и прави сцени во супермаркетот? Кога вие сте мајката со засрамени црвени образи, во паника, а другите луѓе гледаат и судат?
Во тој момент си мислите: што можам да направам за да го поправам ова? И никогаш повторно нема да ѝ судам на друга мајка. Ова не е моја грешка.

Денес разговарав со еден мој познајник. Тој е сопственик на продавницата покрај која често поминувам. Тој е татко на две мали деца. Ги видел моите деца како плачат, се лутат, имаат тантруми – но никогаш ништо не кажал. Тој на ова само ми се насмевнува со разбирање.

Додека пиев кафе ова утро, мојот син мирно седеше во мојот скут. Прво го пиеше млекото, но кога заврши, остана да седи кај мене. Само си седеше и ги набљудуваше луѓето што поминуваа. Дојде сопственикот на продавницата и ми рече: „Вашиот син е многу мирен. Ист е како вас и вашиот сопруг“.
Тоа беше прекрасен комплимент. И тој не требаше да ми го каже тоа. Можел само да нè гледа и да си продолжи со својата работа. Сфатил колку значи и колку е голема моќта на позитивното расудување и сакал да одвои малку време за да ме мотивира.

Сите ние им судиме на другите, но она што им е потребно на сите мајки е поддршка. Наместо да им наоѓате грешки на другите мајки за однесувањето на нивните деца, прашајте ги дали им е потребна помош. И кога нивните деца соработуваат и се учтиви, пофалете ги.



912

X