Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Го има во многу вообичаени јадења и пијалаци, вклучувајќи ги тестенините и житарките, а неретко го има и во одредени лекови. Според Клиниката во Кливленд, многу родители ја мешаат алергијата на глутен и нетолеранцијата, кои се всушност две сосема различни работи.
За разлика од алергијата на глутен, кога симптомите се многу потешки и поопасни, детето што има нетолеранција на глутен чувствува само блага реакција по консумирање храна која содржи глутен. Педијатрите тврдат дека симптомите што откриваат дека детето може да биде чувствително на глутен се следниве:

-грчеви и гасови во стомакот
-стомачни болки
-дигестивни проблеми, како што се запек или дијареја
-анемија
-анксиозност
-надуеност
-проблеми со концентрацијата
-зголемен замор
-главоболка
-болки во зглобовите
-гадење
-послаб исип на кожата.
912