Кристин Бурк, која е блогерка, пред 11 години станала мајка и почнала сосем поинаков живот. Иако се чинело дека е целосно подготвена за новата улога, некои работи ја шокирале. Низ годините, таа направила список со важни работи што секоја мајка треба да ги знае, а кои другите мајки не сакаат да ги кажат.

1. Не постои мајка на оваа планета што знае што прави

Ниту една. Секоја мајка се труди и оди напред и се надева на најдоброто. Тоа е вистина. Но, ако некоја мајка тврди дека знае што прави, всушност лаже.

2. Повторно ќе спиете, но никогаш повеќе нема да биде исто

До крајот на животот ќе спиете со едното уво на вратата и ќе ги следите движења во ноќта низ куќата подобро од кој било агент на ЦИА. Со двете затворени очи и во РЕМ-фазата на спиење ќе знаете дали вашиот син почнал да месечари и дали на вашата ќерка ѝ требаат капки за нос. Ова е навистина неверојатен феномен.

3. Боледувањето повеќе не постои

Повеќе не постои вистинското боледување бидејќи кога си болна, ја држиш главата во веце-школката и пиеш апчиња против болки, но твоите должности не застануваат. Ќе лежиш „полумртва“ на подот од бањата додека боледуваш од грип, но твој „менаџмент“, односно децата, нема да бидат премногу загрижени поради тоа.

4. Пријателствата со другите мајки се важни

На пријателките што имаат деца можете да им кажете сè за вашите деца и тие нема да ви судат. Ќе имате некој на кој ќе можете да му се јавите во тешките периоди и некој со кој ќе можете да пиете кафе кога ќе имате време. Ако вашиот однос преживее и во тој бурен период, тогаш ќе имате пријател за цел живот.

5. Сексот ќе се случува поретко

Само уште една работа што ќе се појавува на бескрајниот список. Сексот ќе биде сместен некаде помеѓу работите како што се „да се купи кукла Хелоу Кити“ и „да се испразни машината за миење садови“. Најдете време за повторно поврзување со партнерот, валканите алишта ќе ве чекаат и наредното утро, но вашата врска не може да чека.

6. Можеби вашиот нов живот нема веднаш да ви се допадне

Секако дека си го сакате детето и мислите дека породувањето е чудесна работа, но првите неколку дена се многу тешки. Повеќе нема да можете брзо да правите некои работи во секојдневието. Сè станува потешко и во ред е да признаете дека не ви се допаѓа вашиот нов живот. Ако го кажете тоа наглас, ќе станете личност со која другите мајки ќе сакаат да се дружат.

7. Ќе станете лажга

Ќе лажите за Дедо Мраз, за џуџиња, за самовили. Ќе измислите сложени лаги за Дедо Мраз кој на неверојатен начин се спушта во вашиот дом. Ќе станете толку вешти во лагите, но од децата ќе очекувате целосна искреност.

8. Секој производ на пазарот може да биде опасен за вашето дете

Од различните хемиски соединенија во пластиката до ГМО и сè што е помеѓу, секој има свое мислење. Внимавајте на пестициди, олово, разни видови храна и сите други работи за кои секој има свое мислење. Тоа е збунувачка арена во која треба да се воспитува вашето дете. Направете го најдоброто што можете и игнорирајте ги осудите на другите луѓе (видете точка број еден). Никој не знае сè и само вие знаете што е најдобро за вашето семејство. Ако луѓето ве осудуваат дека повремено јадете нешто нездраво, нека биде така.

9. Ќе станете добра мајка

Ќе правите грешки и ќе постојат моменти кога ќе бидете целосно уверени дека на вашето дете ќе му треба терапија кога ќе порасне за да ги поправи сите работи што сте ги згрешиле. Но, правете го она што најдобро го знаете и сè ќе биде во ред. Ако на вашите деца не им се допаѓа како правите одредени работи, нема врска, бидејќи и тие ќе имаат можност кога ќе имаат свои деца. Засега нека важи реченицата: „Јас сум мајка и тоа е причината“.

Извор



912

X