Баба напишала писмо до својата новородена внука и го воодушевила светот.

„Драга моја, ова писмо можев да го напишам пред четвртина век, за твојата мајка… Но, тогаш имав 25 години и се занимавав со други прашања: како да го прехраниме семејството, дали ќе успеам да го одведам детето во градинка и да стигнам на предавање. Твојот дедо работеше ноќни смени и не можеше да ми се најде кога твојата мајка по цела ноќ плачеше поради чести детски болести. Сега имам 50 години и малку повеќе искуство кое би сакала да го споделам со тебе. Не тврдам дека знам сè за животот, но на крајот на краиштата јас сум ти баба и сакам да бидеш среќна. А овие мои совети нема да ти пречат во тоа!

1. Не плаши се од паѓање

Лулај се, лизгај се, вози велосипед, ролерки и не плаши се дека ќе паднеш. Ќе боли, но ќе научиш да бидеш брза и да станеш кога ти се плаче.

2. Не плаши се да го кажеш своето мислење

Не е твоја обврска да молчиш ако нешто не ти се допаѓа или ако не се согласуваш со нешто. Не криј го своето мислење ниту заради пријателство ниту заради љубов. Доколку не слушнат што имаш да кажеш или бараат да бидеш лојална – тргни се од таквото пријателство и таквата љубов.

3. Не срами се да се извиниш

Само храбрите девојки умеат да се извинат и да ги согледаат своите грешки, а јас баш би сакала да бидеш таква. Не е лесно да се каже: „Извини, не бев во право. Како можам да ја поправам ситуацијата?“ Но, тоа треба да се научи, а кога ќе го научиш, никој веќе нема да те победи.

4. Не плаши се да добиеш лоша оценка

Единицата воопшто не е страшна работа. Единицата ти укажува на слабите точки и ти кажува на што треба да поработиш. Послабата оценка не значи дека си глупава. Поразите се составен дел од животот и не се нималку лоши.

5. Не плаши се од тоа дека нема да бидеш популарна

Додека сите популарни „шмизли“ одат на забави, губат време по различни ќошиња, со денови седат на интернет објавувајќи свои фотографии, ти убаво ќе го совладаш, на пример, стрелаштвото, јавањето, пеењето… На 18 години тие популарни девојки и натаму ќе го греат столот пред компјутерот, а ти веќе ќе го освојуваш светот и можеби навистина ќе тргнеш на пат околу светот.

6. Не плаши се од тоа на другите да им бидеш „чудна“

Од тоа не се плаши ниту твојата баба.

7. Не плаши се да се омажиш или да не не го сториш тоа

Кога ќе пораснеш, никого не треба да го интересира дали имаш бурма на раката или немаш. Но, ако си одлучила дека бракот и семејниот живот се за тебе – настојувај да го запознаеш човекот на својот живот и тогаш сè ќе биде добро. Нема да те нервираат дури ни расфрланите чорапи низ цела куќа. Покрај тоа, секогаш ќе има некој навечер да те измасира, ќе имаш со кого да го прошеташ кучето…

8. Не плаши се од раѓање

Нема да те лажам – боли, но тоа е најубавото нешто што може да ѝ се случи на една жена.

Извор



912

X