Разводот на бракот кога има деца е секогаш болна одлука. Но, мајката и таткото имаат право да бидат среќни исто така, зарем не?

Мама и тато се разделуваат – повеќе не се согласуваат, не се среќни заедно и повеќе не се сакаат: кои и да се причините што ги навеле да ја донесат таа одлука, повеќе нема враќање назад и сето поминато време заедно како семејство веќе изгледа како спомен.

Има многу емоции, мали или големи, со кои децата треба да се справат кога родителите се разделуваат. Некои од нив се премногу важни и комплексни за да се дешифрираат, барем на почетокот, а сигурно е дека секој ќе се прашува колку големо влијание ќе има разделбата на мајката и таткото врз нивните животи. Бидејќи не само што двојката се растура, тоа се случува на некој начин и со семејството – она што децата го знаеле и го живееле сега се менува и трансформира, но тагата е толку голема што имате чувство дека нешто се крши. А сето тоа доведува до ранливост, огорченост и лутина. Овие чувства се придружени и со збунетост и нестабилност во однос на иднината.

И сета таа непријатност, болката што им припаѓа на најмалите, ако ја сфатат родителите, тоа предизвикува маѓепсан круг направен од страдање и вина кој мора да се запре пред да донесе последици. Децата никогаш не треба да ги осудуваат родителите, тие имаат секакво право да имаат свои сомнежи или да бидат исплашени од новата ситуација, но покажувањето со прст на еден или друг нема да донесе ништо добро. Можеби мајката и таткото веќе доволно страдале од неуспесите во нивната љубов, па која е поентата во зголемување на болката?

Дури и родителите, како и нивните деца, се надевале на среќен крај, на крајот на краиштата, тие го креирале семејството со посветеност и пожртвуваност, како место каде што ќе се чувствуваат безбедно. Дури и мајката и таткото имале големи соништа и очекувања базирани на сите оние споделени и реализирани проекти – година по година, сè додека не пристигнал оној момент кога чувствувале дека се веќе туѓинци во сопствениот дом. Но, зарем не е нивно право да бидат среќни? Кога двајца родители одлучуваат да се разделат, тие никогаш не го поминуваат тоа лесно бидејќи мислат на своите деца и секогаш ќе бидат убедени дека им одзеле нешто. А задача на малечките е да гледаат на нивната одлука како на акт на храброст, бидејќи секоја мајка и секој татко заслужуваат втора шанса.

Автор: Иларија Бараброса

Извор



912

X