Здравје

Не оставајте ги децата во автомобил на топло време ниту минута

Децата никогаш не треба да се оставаат сами во автомобилот, а секако не треба да се оставаат во автомобил на овие високи температури, предупредуваат од здружението „Рода“ од Хрватска.

„Во автомобилот воздухот многу брзо се загрева, што може да биде опасно за животот на децата. Телото на детето се загрева 3 до 5 пати побрзо од телото на возрасен, па затоа е поподложно на топлотен удар, кој може да предизвика несвестица, откажување на органи и смрт“, наведуваат оттаму. Со цел да потсети што повеќе луѓе на оваа важна информација која може да значи разлика помеѓу животот или смртта на детето, од „Рода“ испечатиле и дистрибуирале постер кој се поставува во деловните згради и во здравствените домови.

Што точно се случува кога ќе оставите дете во загреан автомобил

Децата се неверојатно чувствителни на топлина, па паркирањето под сенка и оставањето на прозорецот отворен не значи дека нема да се случи трагедија. Во рок од 60 минути поминати во автомобил, температурата на телото може да достигне 38 степени, да се појави хипотермија, потење и жед. На детето му станува многу непријатно. По 90 минути температурата на телото може да се искачи до 39 степени, поради што детето почнува да се поти, поцрвенува и се зголемува пулсот. Децата со епилепсија може да почнат да се грчат. По 150 минути при телесна температура од 40 степени се јавува несвестица, дехидрација, слабост, повраќање, отежнато дишење.

Ако автомобилот е со темна боја, сето ова се случува уште побрзо

По 65 минути поминати во возилото, детето почнува обилно да се поти и има зголемен пулс. По 95 минути неговата телесна температура може да се искачи до 40 степени. Се јавуваат несвестица, дехидрација, слабост, повраќање, отежнато дишење.

По 170 минути температурата на телото е 41 Целзиусов степен, се јавува силна главоболка, вртоглавица, конфузија, халуцинации и делириум. Во оваа состојба потребна е итна медицинска помош.

Ако оставите дете во автомобил кога надвор е облачно, а температурата на воздухот е 24 Целзиусови степени, во рок од 40 минути детето ќе биде испотено, жедно и изложено на ризик од хипертермија. Во автомобил со темна боја ова може да се случи за само 35 минути.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top