Мојот син има домашни задачи откако почна да оди. Секогаш се обидував да имам очекувања од него соодветни на возраста – на пример да ги става своите алишта во корпата. Но, сакав да го научам да ја сфати вредноста на помагањето дома уште од рана возраст. Бидејќи не одгледувам само син, одгледувам нечиј иден сопруг.

Кога ѝ ја објаснив оваа логика на пријателка, ѝ светна светилката во главата. Никогаш не помислила за своите деца како идни возрасни луѓе. Многумина од нас не го сториле тоа. Се разбира, можеме да се прашуваме каде ќе одат на факултет децата или која кариера ќе ја изберат, но ретко мислиме за нашите деца како за нечии идни партнери. Еднакво е тешко да се замисли дека нашите деца ќе станат нечиј родител.

Мојот сопруг е фантастичен партнер и татко, но партнерот има свој удел во работата. Тој пораснал во домаќинство каде што мајката била одговорна за секоја домашна обврска. Дури и ако била болна, од неа се очекувало да подготви јадење за сите. Таа ги пеглала чаршафите, ги шетала кучињата, ги перела алиштата и не добивала помош од сопругот. Нејзина задача била и да ги одгледува децата. Не работела надвор од домот, па можам да разберам зошто повеќето од одговорностите за децата паднале врз неа, но, сепак, децата имале и татко. Па кога го гледам мојот син, кој едвај може да си ги најде чевлите дури и кога му се на неговите нозе, кој попрво би умрел отколку да расчисти зад себе, за разлика од сестра му која мисли дека задачите се забавни, размислувам за тоа во каков човек ќе се претвори. Се прашувам каков партнер ќе биде.

Сфаќам дека ќе научи да биде партнер и своеволен учесник во одгледувањето на своите деца ако ги гледа и сопствените родители како меѓусебни партнери. И ќе очекува да ги промени пелените во текот на ноќта и да стане рано со своите деца и да ги исчисти дамките од подот ако е пораснат со очекувањето дека полот не го дефинира помагањето. И момчињата можат да пуштат машина за перење. Тогаш можеби ќе израснат во мажи што ќе го прават тоа.
Не можам да гарантирам дека на мојата идна снаа ќе ѝ се допаѓам, но ќе ми биде благодарна. Нема да биде сама во родителството или партнерството и бракот, барем така ќе биде ако јас сум одговорна за тоа.

Автор: Мередит Гордон

Извор



912

X