Дефинитивно најголемата промена во животот на секоја жена е раѓањето на детето. Тогаш сме полни со емоции, збунети, среќни, но и исплашени. Совети доаѓаат од сите страни, но кого да го слушате?

Ви пренесуваме неколку корисни, концизни упатства што нема да ги добиете од другите. Сè додека се држите до нив, родителството ќе ви биде малку полесно.

  1. Не срами се да побараш помош. Од мажот не се смета затоа што не е помош, туку тоа е негова работа. Но, ако имаш семејство кое е подготвено да ти помогне – не прави се херој. Нема потреба.
  2. Слушај го твојот инстинкт. Можеби не е секогаш во право, но кога е гласен и не ти дава мир, тоа е тоа.
  3. Не постои такво нешто како „предолго го држиш бебето“. Буквално – не можеш да претераш.
  4. Да, тешко е. Едноставно така е и не е проблемот во тебе.
  5. Не претерувај со „Гугл“. Најсериозно, немој.
  6. Следи го правилото 80/20. 80 отсто од времето давај сѐ од себе, а 20 отсто од времето прави го она што ти е полесно.
  7. Без разлика што гледаш на „Инстаграм“, никој нема совршени деца кои секогаш слушаат сѐ, јадат што и да им се сервира и никогаш немаат тантрум.
  8. Сосема е во ред ако постпородилната фаза ти е премногу тешка и не ти се допаѓа. Ова не значи дека не го сакаш твоето дете, ниту дека си лоша мајка.
  9. Важно! Постави ги твоите граници и држи се до нив! Не двоуми се да ѝ кажеш на твојата мајка, свекрва или на кој било: „Денес би сакале да бидеме сами, не сме баш најдобро друштво“.
  10. Не обвинувај се себеси за секоја ситница.
  11. Слушај ги сите совети, но усвои ги само оние што ти звучат логично и се добри за твоето семејство.
  12. Ако ти понудат помош – да приготват ручек или да се грижат за бебето додека спиеш – не одбивај. Грижи се за твоето ментално здравје, тоа му треба и на бебето.
  13. Порачувај храна одвреме-навреме.
  14. Не купувај сѐ што ти изгледа дека би било корисно за бебето. Нема сѐ да искористиш.
  15. Вистина е, тој период навистина брзо минува. Тоа е клише, но искористи го секој момент.
  16. Ако сметаш дека ти треба, побарај стручна помош. Не е срамота, туку е храброст.
  17. Одвој време за туширање. Светот нема да се распадне ако останеш пет минути плус.
  18. Биди нежна кон себе. Погледни се во огледало и кажи си: „Ти си одлична!“

Затоа што си.

Извор



912

X