Ако детето често и многу лаже, родителите треба да се загрижат, а не да се лутат и да го казнуваат, бидејќи со тоа нема ништо да постигнат. Тие треба да ги откријат причината и потребата која го наведува детето да се користи со лаги. Детето што лаже е несигурно, можеби и длабоко незадоволно со себе, па и несреќно. Детето најчесто лаже поради страв од казна или страв дека ќе ја изгуби љубовта на родителите, ако направило нешто што не смеело да го направи. Ако од детето се очекува повеќе отколку што може, тоа ќе излаже за да ги избегне последиците или за момент да ја зголеми својата самодоверба.
Прочитајте повеќе на овој ЛИНК.
