Пред неколку години социјалните мрежи ги потресе објавата на социјален работник кој во пресрет на празниците побарал од родителите да престанат да им кажуваат на децата дека скапите играчки под елката им ги носи Дедо Мраз.
– Ве молам, не кажувајте им на децата дека новиот таблет или играчка од 100 евра што ја нашле под елката е подарок од Дедо Мраз. Секоја година голем број родители се тажни и разочарани затоа што се соочуваат со прашањата на нивните деца: „Дали не сум доволно добар што Дедо Мраз не ми донесе толку добар подарок?“ Малите деца се чудат зошто добиле само чорапи или маица или мала играчка, додека Дедо Мраз на другарче од градинка му донел многу поголем и подобар подарок. Дали тоа значи дека тие помалку вредат и дека Дедо Мраз помалку ги сака?“
![](https://deca.mk/wp-content/uploads/2024/12/beautiful-christmas-time-home-concept.jpg)
Овој социјален работник побара од родителите да подаруваат подароци со кои сакаат да му ги дадат заслугите на Дедо Мраз, да бидат разумни и скромни, додека за скапите подароци на децата треба да се каже дека родителите ги купувале со парите што ги заработиле со сопствен труд.
– Ако им кажете на децата дека пристигнале скапи подароци од Дедо Мраз, всушност, многу ќе ги растажите нивните другарчиња кои кога ќе слушнат дека тоа што им го донел Дедо Мраз било многу поскромно, ќе мислат дека е нивна вина.
Се разбира, разликите во финансиската состојба секогаш ќе постојат и тоа никој не може да го промени, но децата не треба да веруваат дека тоа е нивна вина. Слободно земете ја заслугата за поскапите подароци што им ги купивте на децата, имате право на тоа. А магијата можете да ја зачувате со убава книга. Тоа ќе ги направи подароците од Дедо Мраз уште попосебни.
912