Воспитување

Не ги принудувајте децата да се извинуваат: Ова се подобри пристапи

Според семејните психолози, принудувањето на децата да се извинат е целосно неефикасно. Краткото „извини“ (особено кога е изговорено со незадоволство) не му помага на детето да ја разбере ситуацијата или однесувањето.

Ако ги принудите децата само да го повторуваат зборот „извини“, нема да ги научите што навистина значи тој збор. Ако детето научи дека извинувањата изгледаат така, тогаш и во иднина ќе мисли дека сето тоа така функционира

– ДА awли сакате детето да се извини? Она што навистина го сакате е детето да чувствува автентично каење. Децата нема да ја разберат оваа збунувачка и сложена емоција ако само ги натерате да ги повторат вашите зборови – вели д-р Сиги Коен, психолог специјализиран за развој на дете.

Прв пристап

Ако сакате вашето дете да се извини, обидете се со овој пристап од Д-р Коен и кажете му на детето:

– Сакаш да се извиниш? Се извинуваме кога ни е жал за нешто и го користиме зборот „извини“. Ова понекогаш може да ни помогне и на нас и на другата личност да се чувствуваме подобро. Дали сакаш да пробаш?

Употребата на овие зборови му помага на детето да го разбере целиот концепт, а не само да го повтори зборот „извини“ затоа што вие сте му кажале така. Значи, детето учи да се извинува затоа што знае дека направило нешто погрешно.

Според неа, овој концепт треба да почнете да го применувате кога детето е малку поголемо, односно на предучилишна возраст.

– Ако и понатаму не сака да се извини, кажете му нешто вака: „Ми се чини дека сè уште не си подготвен и тоа е во ред – додава д-р Коен.

Втор пристап

Да престанеме да ги принудуваме децата да се извинуваат, вели клиничкиот психолог д-р Беки Кенеди. Таа ги советува родителите да го разберат отпорот на децата и потоа да воведат модел на извинување.

– Кога детето одбива да се извини, се чувствува засрамено. Треба да го намалиме срамот и да му помогнеме на детето да учи и да се менува – вели д-р Беки.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top