Празничното дарување ги зближува луѓето и ги зајакнува семејните, пријателските и љубовните врски, а притоа парите не мора да одиграат важна улога.
Така, подарокот даден од срце е многу повреден од скап уред, парфем или некаква облека. На пример, овој Божиќ на саканите може да им подарите заедничка фотографија, честитка во која ќе напишете зошто ги сакате или да го подготвите нивниот омилен десерт. Во сеќавање нема да им останат предметите што ќе им ги купите, туку заедничките искуства – на пример, одење на концерт, изложба, кино, курс по танцување или излет во природа.
Дарувањето ослободува ендорфини, хормони на среќа, па усреќува повеќе отколку примањето подароци – велат психолозите.
Освен тоа, ако сте великодушни и несебични, зрачите со позитивна енергија која кога тогаш ќе биде наградена, а и другите ќе ги поттикнете да се однесуваат слично на вас. А ако добиете подарок кој не ви се допаѓа, не смеете да му го покажете тоа на тој што ви го дал бидејќи сигурно имал добра намера, а и тоа е подарок.
Внимавајте подароците да бидат во согласност со вашите финансии. Ако потрошите премногу, ќе чувствувате грижа на совест, а и би можеле да го доведете во непријатна ситуација тој што го прима бидејќи ќе се чувствува должен да ви врати со скап дар.
Исто така, внимавајте да не направите грешка која многумина ја прават – го купуваат она што ним им се допаѓа.
Божиќните празници се идеален период за креирање семејни ритуали кои на децата им даваат сигурност и заедништво.
Поттикнете ги да ви помогнат во подготовката на колачи, изработката на божиќните украси, украсувањето на елката, но и одбирањето подароци за другите членови на семејството. Однесете ги на божиќни претстави или концерти. А за да ги научите на великодушност, кажете им да изберат играчка која се подготвени да им ја подарат на сиромашни деца.
Пред да купите подарок за драги луѓе, внимателно слушајте кога ви зборуваат за нешто што им се допаѓа. Така помеѓу редови ќе прочитате што би ги израдувало. Ако не сте успеале во тоа, само потсетете се на нивните хобија, па набавете подарок поврзан со нив. Нема да погрешите ниту со подарок бонови или претплати.

Ако поради оддалеченост не можете да го поминете Божиќ со најдрагите, ќе ги израдувате со снимка од семејно славење, украсување елки, а децата може да испеат божиќна песна или да раскажат весели приказни.
Немојте никогаш да ги испраќате подароците преку посредник, туку врачете ги лично, а и пристојно е да ги отворите пред оној на кој му ги давате. На работните соработници немојте да им купувате премногу интимни подароци.
Автор: Ана Вукашиновиќ