Мислев дека резултатите од мојот родителски труд ќе се покажат во однесувањето на моите деца. Дека ќе имам деца со чисти соби и добри оценки, дека љубезно ќе си се обраќаат меѓу себе.
Но, излезе дека морам да смирувам 5 деца што имаат свои карактери и таленти и сите се различни од мене и имаат своја слободна волја.
И сè отиде по ѓаволите.
И толку често се чувствувам како да сум растргната.
Родителство за добро внатрешно чувство
Дали бев родител за сето тоа да изгледа добро однадвор… собите и убавите зборови и оценките и облеката и однесувањето? Па често изгледа полесно да се биде родител со затворени очи бидејќи она што го има околу мене е нешто што моето чувствително срце сака да го избегне. А, сепак, полека сфатив дека треба да бидам родител во насока на градење внатрешни односи. Надворешното не е навистина важна… многу работи што изгледаат сјајно, всушност, се мртви однатре.
Важно е она што е во домот
Резултатите од нашиот труд се гледаат во нашите домови и нашите срца. Се појавуваат кога нашите деца ќе западнат во неволја, а се чувствуваат безбедно за да дојдат и да ни кажат. Или кога им ја покажуваат на другите милоста и љубезност што ние им ја покажуваме и ги гледаме дека одат по патот за кој сме се молеле да го имаат.

Не е поентата во достигнувањата
Не се работи за нивните оценки или достигнувања во спортот или нивните чисти соби и средена облека. Тие работи никогаш не можат да ги измерат убавината и вредноста на нашите деца или нашата љубов кон нив. Резултатите од нашиот труд се гледаат во нивните срца.
Па тука сум за да бидам родител кој ќе го негува она што е внатре, секој ден. Очите ми се насочени кон моите деца и не се грижам за она што е настрана од тоа или како луѓето гледаат на нас. Бидете родител кој ќе го зајакнува внатрешното – бидејќи она што е внатре е она што е важно.
Автор: Ејми Бетерс-Мидтведт