Воспитување

Не допирајте ѝ го стомакот на трудница. Постојат 6 причини за тоа

Дали и вие им го допирате стомакот на трудниците од вашата околина? Еве зошто никогаш веќе нема да го направите тоа!
Бременоста е тежок период. Сѐ се менува, и тоа со брзина на светлината. Вашето тело се менува, бебето буквално ги преместува органите, а вашиот мочен меур го користи како фотелја. И не само што мора да се приспособувате на внатрешните промени туку тука се и нападите однадвор во вид на прсти од непознати луѓе кои сакаат да ви го боцнат стомакот.
Луѓе, воздржете се од допирање на трудничките стомаци, апелира Рошен Фернандез, новинарка на порталот scarymommy.com. Еве и зошто!

Ја дехуманизирате жената

Голем број луѓе го допираат стомакот на трудницата без прашање и дозвола. Имајте на ум дека трудните жени сѐ уште се жени, човечки суштества кои сакаат да ја задржат својата телесна автономија. Дали така би ѝ го допирале стомакот на некоја друга личност? Не, секако дека не. Тоа што станува збор за трудница не ви дава право да ѝ го загрозувате личниот простор.

Ризично е

Тоа што немате некакви симптоми на инфекција, бактериска или вирусна, не значи дека не сте носител на некоја.

Не го допирате бебето

Можеби имате впечаток дека го галите бебето, но всушност го допирате стомакот на една жена. Значи, ја вознемиривте жената, а не ја постигнавте својата цел.

Веројатно не сте им блиски колку што мислите

Не преценувајте ја својата улога во животот на трудницата. На крајот на краиштата, трудниците имаат променливо расположение и дури и да сте им мили, не значи дека ги сакаат вашите прсти на својот стомак.

Тоа не е ваше тело

Нејзино тело – нејзини правила. Ако сакате да галите нечиј стомак, погалете го својот.

Зашто реков „не“

Постојат многу причини за „не“, но оваа е најважната. Почитувајте ги другите луѓе, почитувајте ги трудниците и задржете си ги прстите кај себе.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top