Експертите сметаат дека е важно родителите навреме да ги согледаат знаците на детска наклоност кон другарче/другарка затоа што детето најверојатно не ќе сака да зборува за тоа, но битно е да се прифати како нормален дел од растењето

Симпатиите се нешто кое се подразбирало во животот на малечките деца и кои ги обојувале детствата, но денес се појавуваат многу порано и во посериозна форма. Истражувањето на британски научници покажало дека девојчињата веќе во третата година умеат наглас да кажат дека другарчето од градинка или од соседството им е момче, а веќе во петтата година зборуваат дека се вљубени. Момчињата се малку потврди, што не значи дека немаат симпатии. Експертите сметаат дека е важно родителите навреме да ги согледаат знаците на детската наклоност кон другарче/другарка бидејќи најверојатно детето нема да сака да зборува за тоа, но битно е да се прифати како дел од растењето. Тие советуваат како полесно да препознаете дали вашето дете се вљубило и како да се поставите во таква ситуација.

* Штом се спомене името на симпатијата, детето се насмевнува, црвенее или почнува да се вртка. Вие правете се како да не го забележувате тоа.
* Ако забележите дека зборува само за едно другарче/другарка или во градинка не се одвојува од него, прашајте го дали во негово/нејзино присуство се чувствува посебно.
* Доколку самото ви го признае тоа, не задевајте го, бидејќи подоцна ќе избегнува да ви доверува љубовни проблеми.
* Не раскажувајте му на целото семејство дека се сомневате дека вашето дете е вљубено во таа и таа личност, туку правете се дека ништо не се случува.



912

X