Воспитување

Навивач на Бока јуниорс не смее да оди на натпревар додека не плати алиментација

Судија од пoкраината Салта во Северозападна Аргентина му забранил на еден навивач на Бока јуниорс да оди на натпревари на неговиот омилен клуб сè додека не ги плати заостанатите алиментации на неговата поранешна сопруга.

„Обвинетиот, Хуго Федерико Суарез, не смее да присуствува на натпреварите на Бока јуниорс сè додека не ја плати целата сума на заостанатите долгови“, се вели во официјалното соопштение од судот.

Обвинетиот не плаќал алиментација цела измината година, што ја натерало неговата поранешна сопруга да покрене тужба.

– Ова е прва ваква мерка за човек, еден од мнозината што не се ни свесни дека децата треба да им бидат пред сè друго – вели Силвина Карер, адвокатка вклучена во спорот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top