Родителите во голема мера се одговорни за однесувањето на нивните деца бидејќи тие се мали сунѓерчиња кои впиваат сè. Ако забележите дека вашето дете вика или се однесува агресивно кон другите, запрашајте се дали и вие го правите истото.
Децата учат со имитација, ги набљудуваат лицата на родителите и прифаќаат реакции, па ако сте склони кон грубо однесување, бидете сигурни дека и вашите деца ќе го прифатат тоа.
Родителската мисија ќе биде успешна само ако знаете кои се добрите навики што вашето дете треба да ги прифати. Доколку забележите некое лошо и недолично однесување, бидете сигурни дека виновникот се крие во вас.
Ова се најчестите лоши навики што децата ги учат од своите родители:
Ги прекинуваат другите додека разговараат
Ако родителите се склони да ги прекинуваат другите луѓе, најверојатно и нивните деца ќе го прават истото. За почеток, родителите секогаш треба да го остават детето да каже што сака. На детето му треба простор да се изрази, а родителите треба да го научат и колку е важно да го ислуша другиот докрај и трпеливо да го чека неговиот говор. На тој начин детето ќе има подобра и поефикасна комуникација со околината.
Не ги почитуваат возрасните
Ќе има многу моменти кога некој друг ќе се грижи за вашите деца; роднини, дадилки, пријатели… Ако детето гледа дека родителите не ги почитуваат своите родители, тогаш веројатно тоа ќе се однесува така кон сите возрасни.
Премногу зборуваат за приватни семејни теми
Сите знаеме дека децата се како сунѓери – тие впиваат сѐ што прават и кажуваат родителите, уште од најраниот период. Ако не го научите вашето дете дека некои работи не треба да се кажуваат јавно или да се изнесуваат, нема да може да направи разлика помеѓу приватност и јавност. Затоа е важно да го научите вашето дете дека некои теми треба да останат во рамките на вашиот дом.

Доцнат со усвојувањето на основите на пристојното однесување
Никогаш не е рано да ги научиме децата на пристојност и добрина. Децата треба да знаат и да користат зборови како: ве молам, благодарам… Децата учат уште од најмала возраст, а ако им ги приближите доблестите како пристојноста и добрината уште од најраното детство, другите сигурно ќе бидат воодушевени од нив.
Премногу се зависни од други луѓе
Родителите што се премногу заштитнички настроени и како октопод ги фаќаат и ги опкружуваат децата, ги прават премногу зависни, прво од нив, а потоа и од другите луѓе. Децата што се навикнати некој друг да им ги решава проблемите или да носи одлуки наместо нив, поминуваат потешко во животот.