Однесувањето на постариот брат кон помладиот брат или сестра често е заштитничко, а науката потврдува дека помладите браќа помагаат децата да станат погрижливи луѓе.

Минатиот месец во списанието „Чајлд дивелопмент“ беше објавено истражување што докажува дека помладите браќа и сестри позитивно влијаат врз емпатијата на постарите.

За истражувањето биле набљудувани 452 пара браќа во Канада на возраст помеѓу 18 и 48 месеци. Се набљудувала нивната интеракција во семејниот дом, а мајките пополнувале прашалници.

18 месеци подоцна научниците дошле до заклучок дека емпатијата на постарите браќа се зголемувала и дека тие се навикнале на соживот со помладите браќа или сестри.

– Влијанието на помладите браќа е особено силно во тинејџерските години, а тоа веќе го знаевме, но сега дојдовме до заклучок дека овој процес можеби почнува многу порано отколку што се мислеше – вели коавторката на истражувањето, Шери Мадиган.



912

X