Во година кога науката не била никогаш поважна, а родителите најмногу имаат потреба од пауза, Бил Нај е тука да помогне. Преку едно едукациско искуство кое го нуди „Ер-би-ен-би“, кое ги носи децата на виртуелни „Патувања во области“, научникот ќе ги насочи децата кон експерименти за најголемите теми од оваа година: коронавирусот, расизмот и климатските промени. „Ер-би-ен-би патувања во области“ е платформа која ќе им помогне на децата да го исполнат своето време, особено оние деца што не одат во училиштата.

Актерката Оливија Вајлд е домаќин на една од 75. виртуелни активности низ светот, на пример, леопардско сафари во Шри Ланка и час за печење печива во Франција, или пак научни проекти со научникот.
Нај сака да ги поттикне децата да се вклучуваат во научни активности од дома.

– Нема ништо позабавно или поинтересно од науката. Половина од она што го учиме за науката, го учиме надвор од училницата – вели Нај. Тој знае дека не им е лесно на родителите да се справуваат со учењето од дома.

– Имам отворен ум, но не мислам дека родителите можат да излезат накрај со часовите по алгебра – вели тој. Нетрадиционалното учење го гледа како можност за различни начини за размислување и истражување на светот околу нас.

Родителите може да помогнат во ваквата иницијатива.

Почнете разговор за наука

Има толку многу научни теми што се главен фокус во изминатиот период, па тоа е одличен начин да се поттикне љубопитноста кај децата. „Додека децата седат дома, треба да се забавуваат и ангажираат, па на овој начин ќе имаат низа откритија за светот со кои порано не се сретнале. Да им дозволиме на децата да се запознаат со науката и сето она што се случува околу нив“, вели Нај. Единствениот начин да се помине пандемијата е со наука, смета тој. „Нема да ја поминеме пандемијата со велење дека сè ќе биде во ред, преправајќи се дека не е проблем и дека 200 илјади смртни случаи во САД се мала бројка“.

Мотивирајте ги децата сами да истражуваат

Постојано се шират лажни информации, од теории на заговор до лаги за коронавирусот. Нај вели дека децата треба да го вежбаат критичкото размислување секогаш кога ќе слушнат одредено тврдење за Ковид-19. „Кога јас одев на училиште, тоа се нарекуваше логика или размислување. И сега е истото, само се евалуира доказот. Треба да се учи како да се евалуира доказ кога некој ви вели дека ако пиете чај, нема да добиете коронавирус. Тоа е погрешно – евалуирајте такви тврдења“, вели Нај. Истото важи и за тврдењата дека вирусот не постои. Нај ги споредува научните тврдења за коронавирусот со идејата дека Земјата е рамна. „Тоа е извонредно тврдење: Како знаеме дека светот е топка? А по тоа прашање следува патот кон откривање на фактите како знаеме дека светот е топка“.

Децата може да учат биологија за да видат дека маските може да бидат превенција бактериите преку воздухот да стигнат до нас или дури да покриваат големи теми, како што е расата на луѓето. Помалите деца може да го истражуваат начинот на кој луѓето имаат различна боја на кожа и во однос на тоа колку ултравиолетова светлина допира до различни делови од Земјината топка. „Можете да докажете научно дека сите сме дел од еден вид. Луѓето се исти“, вели Нај. А потоа родителите може да го изградат разбирањето кон учење на децата за тоа што е системски расизам.

Охрабрете ги да прават промени

Нај потенцира дека децата веќе се на работ од социјалните промени во однос на расизмот и екологијата. „Мислам дека децата ќе мислат оти е одлично ако престанеме да возиме автомобили на бензин, кога ќе престанеме да гориме фосилни горива за да заработиме, кога ќе ги прославиме и применуваме новите начини за производство на електрична енергија и кога ќе вклучиме повеќе луѓе“.

Па дури и во ваква стресна година одбележана со пандемија, пожари, полициска бруталност, Нај има надеж за иднината.

– Има различни откритија кои може да ни го покажат патот надвор од оваа ситуација и да ни помогнат да создадеме подобар свет. Па, зошто да целиме ниско? Ајде да патуваме низ повеќето области и да го промениме светот. Ајде, ќе биде забавно – вели Нај.

Неговата презентација можете да ја гледате тука.

Автор: Либи Рајан

Извор



912

X