Здравје

Научно докажано – мајките се посреќни кога децата си легнуваат порано

Се чини дека раното одење на спиење не е добро само за здравјето на децата и нивната благосостојба, туку и за здравјето на нивните мајки!

Науката го поддржува она во кое многу родители веруваат: кога децата одат в кревет порано, мајките се посреќни!

Истражување од Австралија набљудувало илјадници деца, а почнало пред една деценија. Истражувачите спроведувале интервјуа на секои две години за да го оценат менталното здравје на семејството и навиките во спиењето. Не само што утврдиле дека децата што биле в кревет до 20:30 часот навечер имале подобро здравје, туку истото важело и за нивните мајки.

Дали тоа е така затоа што овие мајки имале повеќе време да ги направат работите што сакале да ги направат? На пример, да се напијат чаша вино во тишина или да разговараат со човечко суштество доволно старо да пие вино? Сигурно е тоа!

Во меѓувреме, ако вашите деца не се навикнати да одат в кревет рано, тогаш тешко би било да им воведете нов распоред. На крајот на краиштата, поставувањето дневна рутина бара да се држите до неа. Ако сакате да ја промените рутината, земете го предвид поместувањето на веќе воспоставената рутина 15 минути до половина час секој ден. Во период од една недела сигурно ќе ги видите придобивките и за мама и за тато.

 

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top