Ако вашето дете е темпераментно, овие совети би можеле да бидат многу корисни. Имено, според истражувачите, пасивните трикови, како што се нишањето на детето пред спиење, пеењето и читањето, позитивно влијаат врз неговиот темперамент. Од друга страна, активностите како што се пешачење, возење во автомобил или играње со детето имаат негативно влијание, заклучил тим од меѓународни научници по анализа на 841 родител од 14 земји.

Сите родители што биле вклучени во истражувањето имале деца на возраст од 17 до 40 месеци. Родителите одговарале на прашања за темпераментот на нивните деца, како и за тоа кои техники ги користат за да ги заспијат.

– Нашата студија покажува дека родителските техники за заспивање се многу поврзани со темпераментот на децата во различни култури, што потенцијално влијае врз нивниот развој. На пример, земјите со поголемо потпирање на пасивни стратегии имаат деца кои полесно се приспособуваат на социјализација – вели Кристи Фам од Универзитетот „Вашингтон Стејт“, еден од авторите на студијата.

Резултатите од студијата биле објавени во списанието „Frontiers in Psychology“.

Извор



912

X