Научниците создале мајчино млеко од растение. Откритието значи дека ќе можат да создаваат поефективна и поевтина копија на човечкото млеко за бебиња, за разлика од традиционалната формула. Експертите ги создале растенијата за да произведат масло кое ја има истата хемиска структура како и мастите кај човечкото млеко, кои се основна компонента на мајчиното млеко. Истражувањето било објавено во „Зборник на трудови на Националната академија на науките“.

Работата ја спровеле научниците од еден од најстарите агрокултурни истражувачки институти во светот, „Ротамстед“, од Харпенден, Хертс. Молекулата од природното човечко млеко, „триглицериди“, која дозволува хранливите вредности да бидат сварени од бебињата сега се заменува со растение кое може да покаже одлични резултати. Според истражувањето, многу е мал бројот на адаптирани формули за деца што сега се користат, а содржат нешто слично на оваа молекула. Според тоа, можноста за создавање на истата маст од растението би можела да биде револуционерна промена за сите мајки што не можат да дојат.

Од „Ротамстед“ велат дека иако мајчиното млеко е најдобриот и прв избор за хранење на бебињата, тимот на истражувачи се надева дека нивното откритие ќе доведе до подобрување на формулата за бебињата на кои им е тоа потребно. Водичот на истражувањето, д-р Питер Истмонд, вели:

– Создадовме метаболизам на растение така што мастите кои ги произведува растението ќе ја имаат структурата што ја содржи и мајчиното млеко, а не зеленчуковото масло. Не сите други организми ја имаат маста со истата структура како кај мајчиното млеко, а и ниедно растение исто така ја нема.

– Се надевам дека ако можеме да најдеме поевтини методи за производство на масти кои повеќе ќе личат на структурата на мајчиното млеко, тогаш тоа ќе биде состојка што ќе се користи и пошироко во детските формули, а и со пониска цена. Ќе може да се подобрат и детските формули во иднина, воопшто – вели Истмонд.

Автор: Вил Бејкер



912

X